ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски со порака до „судиите од тефтерчињата“

По формирањето на новата влада судиите кои станаа слуги на власта ќе бидат изведени пред лицето на правдата, изјави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во својот говор по повод 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, Мицкоски изјави дека партијата која дојде на власт со паролата „нема правда, нема мир“, го носи срамот за секоја неправда направена во овој период, а за ВМРО вети ќе се бори за неселективна правда, а законот ќе важи подеднакво за сите.

Advertisements

Мицкоски рече дека одредени судии, не спомнувајќи директно имиња, а евентуално алудирајќи на Добрила Кацарска, по наредба на власта брзо им пресудила на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тој се осврна на случајот „27 април“ велејќи дека еден ден осудените, кои тој ги нарече, заштитници и бранители, ќе добијат целосна правда.

Мицкоски, меѓу другото, рече дека власта дозволува интервенција на соседите кои наметнуваат идентитетски прашања, а најголем предизвик од нападите врз идентитетот, според него, се нападите врз џебот на граѓаните. Гладот и сиромаштијата, рече лидерот на опозицијата, се најголемата закана за иднината на граѓаните.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button