ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски со предлог: Секој понеделник во училиштата да се интонира државната химна

Лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски го повика министерот за образование Јетон Шаќири да ги задолжи сите училишта секој понеделник да ја интонираат химната на Северна Македонија. По Општина Аеродром, и општина Гази Баба веќе ја одобри одлуката наставниот процес во училиштата секоја работна недела да започне со интонирање на државната химна.

Владо Димовски од Центарот за толеранција рече дека овие одлуки не се системски решенија туку парцијални одлуки. Тој додаде дека патриотизмот не смее да се гради на штета на образованието на децата. Димовски дури смета дека тоа е поврзано со злоупотребата на децата за одредени кампањи.

Согласно законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија, химната се интонира при официјални службени посети на претседателот на државата во странство, при свечености, политички митинзи, и настани поврзани со одбележување на годишнини, понатаму при политички, научни, културни, уметнички и спортски настани во кои Македонија официјално учествува или е претставена.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button