ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Стратешкиот договор не предвидува прием на мигранти, ќе го презентираме во Собранието

Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со шпекулациите дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство во земјава предвиден е и прием на мигранти.

Advertisements

Според премиерот Мицкоски, договорот е јасен и таква работа нема.

-На ова прашање одговор даде амбасадорот на Обединетото Кралство кој што беше многу јасен, а тој одговор е дека апсолутно нема таква работа. А таа тема се наметна откако во Албанија беше потпишан договор меѓу тамошниот премиер и премиер на една земја во Европската унија за изградба на кампови каде што Албанија ќе прими неколку десетици илјади мигранти. Аналогно на тоа таа тема се пренесе тука, но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердуви мислејќи така дека ќе то оцрнат овој стратешки договор и дека ќе нанесат штета на имиџот и работата на владата. Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема, истакна премиерот Мицкоски.

Во изјава за медиумите, претседателот на македонската влада нагласи и дека Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, јавно и транспарентно ќе биде презентиран во македонското Собрание.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button