ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Таблата без албански натпис на Блаце, дел од планот за дестабилизација

Мицкоски: Таблата без албански натпис на Блаце, дел од планот за дестабилизација

Премиерот Христијан Мицкоски оценува дека таблата без албански натпис на граничниот премин Блаце била дел од планот за дестабилизација. Тој вели дека вината за овој криминал не е на некоја конкретна институција, туку на криминалните структури кои со години се збогатувале на сметка на граѓаните. Според него, овие дејствија се прават поради паниката во која се наоѓаат одредени структури кои, според него, добиле информации дека истрагата им се приближува.

Advertisements

Арбен Таравари од Влен рече дека случајот е непотребно драматизиран, а имало само за цел да се дефокусира мислењето од одлуката на Апелациониот суд за враќање на печатите на партијата на крилото на Таравари. Друга причина за дефокусирање, според Таравари, била конференцијата истиот ден, на која биле откриени неправилностите на поранешните функционери на ДУИ.

„Втората точка беше дека имавме прес-конференција на која покажаа некои нерегуларности од поранешни функционери на Европскиот фронт, односно ДУИ и нивните сателити, а она што го направија беше дека издадоа табела која е сменета, колку што знам табелата е сменета по налог на тимот на поранешниот директор на претпријатието за државни патишта, па веќе беше целосно расчистено. Не беше тема за драматизирање, едноставно беше дефокусирање, но и ова ќе помине, таблата се смени, утринава се стави друг знак, сега знакот ќе се нарача како што треба и пак ќе биде на три јазици“, рече Арбен Таравари, ВЛЕН.

Албанската опозиција во саботата реагираше на отстранувањето на таблите на албански јазик од граничните премини и нивна замена со нови, кои беа само на македонски, англиски и француски јазик. За ова прашање реагираше ВЛЕН, по што повторно беа отстранети таблите и вратени оние со албански натпис./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button