МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Три можни разврски во спорот со Бугарија, сите на наша штета

За лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, постојат три опции, од коишто две се пореални, а една е понереална. Како што оцени тој, во своето гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, сите три се катастрофални за македонскиот народ и македонската држава бидејќи тие директно задирале во идентитетот на Македонците.

Прва опција е Зоран Заев да потпише некаков протокол со кој ќе прифати целосно или делови од Резолуцијата….втората е да се потпише некој договор или протокол, пет плус еден, како и да го нарекуваат, којшто никој жив не го видел, а мора да го извадат во јавност, бидејќи нема да имаме обврска да го почитуваме и третата, најневозможна, некое политичко мнозинство во Бугарија да донесе нова помека Резолуција“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button