ВЕСТИ

Мицкоски: Тупанчевски со судија и обвинител на трибините во Италија – Кадар на заробена држава

Кадар на заробена држава. Така лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат го опиша појавувањето на министерот за правда, Никола Тупанчевски, заедно со судија и обвинител, на фудбалскиот натпревар во Италија, помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија.

Advertisements

„Беше срамно да се гледа како министерот се препелка неколку дена по враќањето од оваа фудбалска мини турнеја…кој платил карти, кој не платил. Тука имаше и поранешна специјална јавна обвинителка. Имаше и еден судија. Тоа ви дава јасна слика на заробената држава. Го имате министерот за правда во средина, лево од него обвинителката, десно судијата…, а над сите нив е тој моќник којшто им го овозможил тоа“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button