ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Уште трае анализата за собирање потписи за референдум

Се уште трае анализата за собирање на потписи за референдумот. Тоа се сериозни работи. Во периодот што следи ќе се консултирам со експерти од оваа област за јасно да го дефинираме прашањето и методологијата со која ќе излеземе пред граѓаните, појасни денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Advertisements

-Ова се сериозни работи, а ние сме сериозни луѓе кои сакаме кога ќе излеземе пред граѓаните со одредено барање, тоа да се темели на факти и правни, но и да немаме простор за дополнителни толкувања дека тоа можело да биде сфатено поинаку, рече денеска Мицкоски.

Тој напомена дека во следниот период ќе се консултира со експерти од оваа област, од Уставно право и јасно ќе ја дефинираат методологијата.

-Но, суштината ќе е процесот на билатерални разговори и преговори со Бугарија и протоколи, така да процесот на менување на Уставот и вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата и во нормативниот дел е друг процес, и трет процес е прифаќање на предлог преговарачката рамка. Тие три процеси не треба да ги поврзуваме еден со друг, иако некои сакаат да ги поврзат, додаде Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button