ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Успеавме! Време е СДСМ и ДУИ да одат во опозиција

Успеавме! Македонија победи! Историска победа на народот…рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во почетокот на своето вечерашно обраќање од седиштето на партијата.

Поразен е и бојкотот на ДУИ! Време е ДУИ, заедно со СДСМ да одат во опозиција, додаде Мицкоски.

„Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси, а ДУИ покажаа дека се најмалку партија која се грижи за Македонија и станаа силно криминализирана структура. Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е да одат заедно со СДСМ во опозиција. Народот ја одржа најважната лекција кон власта и си ја спаси државата“, додаде Мицкоски.

„Нема да ве разочараме, резултатите од нашата работа ќе се покажат во првите 100 дена од владата“, рече Мицкоски најавувајќи добри економски вести за државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button