ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Уставни измени нема да има ниту во август, ниту во септември
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека во септември нема да има уставни измени. Според него, власта е свесна за ова и се обидува да нјаде начин да ги помине август и септември за да ја спречи опозицијата да бара предвремени парламентарни избори.
Од СДСМ велат дека се исполнети сите услови на опозицијата и дека сега е моментот кога Мицкоски треба да докаже дали е решен за ЕУ или за изолација на државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека оставките и притисоците врз нив не ги предомислуваат. Според нив, покрај ДУИ, оставки треба да поднесат и министрите на СДСМ и земјата веднаш да оди на предвремени парламентарни избори.
Адријан Керими