
Премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон порача дека неговата влада е посветена на подигање на свеста во светот за состојбата во која се наоѓа земјата во однос на членството во ЕУ. Тој рече дека пристапот за уставни измени но со гаранции е вистинскиот пристап.
Некои балкански земји го донесоа Балканот во Брисел, а не обратно, рече Мицкоски, говорејќи за феноменот што го нарекува балканизација на ЕУ и сериозен проблем. Мицкоски го изрази своето незадоволство од ЕУ и САД кои во 2018 година и ветија многу на земјата во замена за промена на името. Ги смета за двојни стандарди.
Овие одговори премиерот ги даде на Атлантскиот совет во Вашингтон, посветен на иднината на трансатлантските односи на Западен Балкан./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши