Мицкоски вчера разговарал со американскиот министер за економија, Лутник

Премиерот Христијан Мицкоски вчера имал телефонски разговор со американскиот министер за економија, Хауард Лутник.
За разговорот премиерот информираше утрово, преку објава на неговиот фејсбук-профил, посочувајќи дека со Лутник се согласиле за развој на стратешкото и економското партнерство помеѓу Северна Македонија и САД.
Инаку, во текот на вчерашниот ден кога Мицкоски разговарал со министерот за економија на САД, вест број еден беше одлуката на американскиот претседател да ги паузира т.н. реципрочни царини кон повеќето земји за 90 дена и да ја „казни“ Кина со дополнителни тарифи од 125 отсто.
Иако не го споменува овој момент во објавата, премиерот вели дека со својот соговорник потврдиле дека односите меѓу двете земји се цврсти, а тој од своја страна истакнал дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за македонската Влада.