ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Вчудоневиден сум како раководството на ДУИ ги дели Албанците на подобни и неподобни

Согласно Устав секој има право да ги користи демократските алатки да го изрази своето незадоволство. Но, доколку тоа незадоволство биде на штета на унитарниот карактер или на штета на законите и Уставот, тогаш ние како Влада ќе мораме тоа да го заштитиме, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека „оваа влада нема етнички легитимитет“ и дека тие ќе го демонстрираат нивното незадоволство од таа „неправедна одлука и непочитувањето на легитимитетот“.

Мицкоски додаде дека Македонија е демократска земја во која правото на секој граѓанин не е гарантирано по етничка припадност, туку како право на граѓанин.

– Вчудоневиден сум како раководството на ДУИ ги дели Албанците како никој досега во минатото во Македонија, на Албанци коишто се подобни и Албанци коишто се неподобни. Тоа го прави раководството на ДУИ коешто се повикува на легитимитет од страна на Албанците. Јас жалам што продолжуваат да тонат во своето политичко мочуриште и мојата порака до нив е исто како и кон СДСМ, ви подаваме рака – секогаш кога станува збор за државниот интерес, интересот на граѓаните и државата да застанат рамо до рамо со владините политики и да изградиме политика, да изградиме консензус, истакна Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button