ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски вели дека има целосна доверба во вицепремиерот Меџити

Мицкоски вели дека има целосна доверба во вицепремиерот Меџити

Го знаете мојот број, наведете факти и докази. Ова е одговорот на премиерот Христијан Мицкоски на обвинувањата на ДУИ кон првиот вицепремиер и министер за екологија, Изет Меџити. Мицкоски нагласува дека има доверба во работата на Меџити, а ги повикува ДУИ да не шират дезинформации и потсетува дека додека била на власт, второто име на оваа партија била корупција.

Advertisements

Претходно од ДУИ го обвинија министерот Меџити дека со решение, Државниот управен инспекторат и официјално ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Со ова решение јасно се потврдува дека незаконските постапки на Меџити биле детектирани и санкционирани.

„Оваа акција дојде како резултат на многубројните поплаки и осудувања од граѓани и фирми, кои беа условени од кабинетот на Меџити да плаќаат мито во замена за административни услуги„, велат од ДУИ.

На обвинувањата реагираше Министерството на Меџити, кое ги повика надлежните да ги истражат тврдењата за кои велат дека се лажни. Велат дека обвинувањата на опозицијата доаѓаат во време кога Министерството и Инспекторатот за животна средина откриваат безброј скандали од претходната власт.

„Замислете, тандемот СДСМ-ДУИ што злоупотреби стотици милиони евра од државата за време на кризата со КОВИД, инфлациската криза и енергетската криза, тандемот што даваше лиценци за 20 фабрики за марихуана, стотици казина во секое маало, со вицепремиери на црни листи, се обидува да направи тема од управна постапка, која самите СДСМ-ДУИ ја имаа инсталирано како практика, а ние сега ја отстрануваме„, велат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Од Екологија велат дека се транспарентни и отворени за секое истражно тело кое сака да ја провери ситуацијата./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button