ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски ветува економски развој, за СДСМ владината програма е манипулативна

Мицкоски ветува економски развој, за СДСМ владината програма е манипулативна

Во 11 часот започна собраниската седница за изборот на нова влада. Мандатарот Христијан Мицкоски во експозето најави нови инвестиции и проекти за економско зајакнување на Северна Македонија, додека за СДСМ програмата на новата влада е далеку од ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги дало во предизборието.

„Оваа генерација нема опција за неуспех и ќе мора заедно да направиме големи чекори напред. Најавувам фуриозен почеток на проекти“, рече мандатарот Христијан Мицкоски собраниската седница за избор на новата влада, образложувајќи ја предлог програмата.

Во излагањето на експозето, Мицкоски најави намалени даноци и зголемени пензии, влада на економски развој, раст од пет отсто на БДП и годишна инфлација од 2 – 2,5 отсто годишна инфлација. Од собраниската говорница, Мицкоски вети и намалување на невработеноста на 7% и зголемување на платите.

Се уште неседнат во премиерската фотелја, мандатарот Мицкоски најави за вторник на 25 јуни промоција на инвестиција од 400 милиони евра.

„Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во повеќе области е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до колапс. Одлучно ќе одговориме и за се јавноста ќе биде известена. Нема да барам 100 дена меден месец, туку најавувам инвестиции веднаш, веќе во вторник инвестиција повеке од 400 милиони евра“, рече Мицкоски.

Мандатарот Мицкоски најави проекти и во други сфери – завршување на децентрализацијата, посебен фонд за врвна наука, реновирања на училишта и зголемување на плати, како и инвестиции во здравството и нови болници. Во експозето напомена и поголема заштита на културното наследство, промоција на здрав начин на живот преку Министерство за спорт.

Во излагањето, Мицкоски во говорот пред пратениците се осврна и на градењето на добри односи со соседите како и усогласување на националните политики со европските стандарди./RSE/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button