ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Влада на ВМРО би барала нов договор со Бугарија ако Софија продолжи со иста реторика

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат рече дека следна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ би го напуштила договорот со Бугарија во случај бугарската страна да не отстапи од своите позиции на, како што рече, „асимилација на овој народ“.

Ако после определен временски период упорно се продолжи на асимилација на овој народ, се напушта билатералниот договор потпишан со Бугарија. Таа влада, којашто јас ќе ја предводам, ќе го напушти тој договор. Затоа што тој договор не дал просперитет или шанса за просперитет на овој народ, без разлика на различните етнички групи коишто се дел од оваа држава…на македонскиот народ и ќе бараме нов договор со Бугарија“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button