ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ја моли меѓународната заедница да прави тортура врз ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека владата откако не успеала да испорача тоа што презела, оди по светот и ја моли меѓународната заедница да доаѓа во Скопје да прави тортура врз ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

„Тие коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да ја притискаат да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку нас и на огромното мнозинство граѓани“, рече Христијан Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ не гласа за уставните измени бидејќи сметаат дека тоа е најправилно, а не поради инает.

„Можам да ги разочарам, такво нешто нема да успее. Тоа беше јасно уште на 18 август кога се гласаше дневниот ред и претходно кога на Комисијата се гласаше потребата за уставните измени. Уште тогаш беше јасно дека нема 2/3 мнозинство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button