ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Владата ќе ја отпочне постапката за разрешување на јавниот обвинител

Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител ќе трае неколку недели, а можеби и месеци, согласно законот, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, за тоа дали на утрешната владина седница ќе се разгледа и прифати предлогот за разрешувањето на Коцевски, појасни дека Владата не може да го разреши, туку може само да ја отпочне постапката.
– Апсолутно не можеме ние како Влада да го разрешиме, туку можеме да ја отпочнеме постапката. Како што имам информација треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење. Оваа процедура ќе потрае, нема да заврши инстант брзо. Таков е законот, рече Мицкоски.