ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: „Власта нека каже било кој датум за избори“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја повика власта да понуди било кој датум за претседателските и парламентарните избори напролет. Тој повторно побара во вториот круг од гласањето за нов шеф на државата, да се гласа и за новиот парламентарен состав, односно во тој ден да има двојни избори. Мицкоски го коментираше и утрешното доаѓање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Скопје. Ја повика да овозможи безусловен старт на пристапните преговори за членство.

Advertisements

„Очекувам претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен да излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ, иако сум свесен за многу недостатоци кои што ги имаме на домашен план, поради неработењето на корумпираната Влада на СДСМ и ДУИ“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button