ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Власта распродава ноќна струја и си ги полни џебовите

Мицкоски - Власта распродава ноќна струја и си ги полни џебовите

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинува дека ноќните вишоци на струја власта ги продава поевтино од реалната цена. Поради тоа, Македонија, граѓаните и ЕСМ биле оштетени за околу 10 милиони денари за само 25 часа. Преку објава на Фејсбук, лидерот на опозицијата објасни дека во првите 5 дена од август вишокот струја во ноќните часови се продавала за околу 245 евра за мегават на час, но нејзината цена на берзите во истиот период била повисока, односно околу 372 евра.

Advertisements

„Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 25 часа се оштетени за близу 10.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX (Унгарскиот берзански индекс на струја, н.з.) струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови“, рече Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, според СДСМ, Мицкоски е најпромашениот директор на ЕЛЕМ кој како што велат, ја донел најскапата струја за 100 проценти.

Со одлука на Владата, од 1 септември сите јавни установи мора да штедат струја и секој месец да известуваат за заштедите./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button