МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против претседателот на Собранието Африм Гаши иницирана од „Левица“. Според премиерот, Гаши сериозно си ја врши должноста.

Advertisements

Според Левица, Гаши треба да биде разрешен од функцијата претседател на Собранието, бидејќи според нив се однесува непослушно, непрофесионално, несовесно и „пред се незаконски и неуставно“.

Веќе неколку дена СДСМ бара отчет за случајот со Африм Гаши, каде со службен автомобил отпатувал за Косово на свадба. Според СДСМ, за ова треба одговара и министерот Панче Тошковски.

Инаку, на снимката која кружи на социјалните мрежи, се гледа службениот автомобил на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој бил нареден во конвојот на сватовите на граничниот премин Блаце. Од кабинетот на Гаши потенцираат дека се испочитувани сите процедури. Седницата за интерпелацијата против Гаши е закажана за 3 септември.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button