Мицкоски: Во Благоевград одам да им дадам поддршка на Македонците во Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека ќе оди на отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград со цел, како што вели, да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да ги охрабри дека нивната матична земја стои позади нив и дека партијата ќе ги штити нивните интереси.
– Ние немаме антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата политичка партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои позади нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата, рече Мицкоски.