ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Во овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи уставните измени

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска уште еднаш го повтори својот став и ставот на субјектот што го предводи дека во овие околности нема да ги поддржат уставните измени.
„Ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во овие околности ќе ги поддржи овие уставни измени, тогаш јавно кажувам дека тоа нема да се случи. Имаме јасен став. Каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека во овие околности немаме намера да поддржиме уставни измени“, изјави Мицкоски.