ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски во Владата ќе го чуе предлогот на Филипче за долгорочна стратегија на државата

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска ќе имаат средба во Владата, но претходно тие „ќе се соочат“ и во пленарната сала во Собранието каде премиерот и министрите ќе одговараат на опозициски прашања. Се очекува Филипче на средбата во Владата да му го образложи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог. Ова е прва средба меѓу нив по стапувањето на премиерската функција на Мицкоски и преземањето на претседателската позиција во СДСМ од страна на Филипче.
Од Владата вчера попладне соопштија дека имајќи ја предвид меѓусебната подготвеност за средба, таа е закажана за 14 часот.