ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Врз мене имаше обид за поткуп за пругата од Коридорот 8

Преку комуникациски канали врз премиерот Христијан Мицкоски изминатиот период имало обид за понуда на поткуп со цел да се добие неговата согласност за тендерската документација за коридорот 8. Веста ја сподели лично, премиерот Мицкоски на денешната прес конференција во Владата.
„За Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со којшто јас, како претседател на Владата, би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација која што истекува на 17 септември и кажав дека сѐ додека сум јас претседател на Владата, овој тендер, којшто е тековен и завршува на 17 септември, нема да го прифатам“, рече Мицкоски.