МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за 8 Септември: Борбата за подобро утре никогаш не смее да престане

Денот на независноста е круната на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава, денот кога се исполни идеалот на Илинденците и борците од НОБ, но и илјадниците храбри синови и ќерки кои се бореа и ги положија своите животи за своја држава, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во честитката до граѓаните по повод 8-ми Септември.

„Токму на 8-ми Септември 1991 година, на референдумот, народот во Македонија го оствари тој сон и започна сам да ја гради својата иднина и иднината на својата татковина, како рамноправна земја со сите останати во Европа и светот. Патот беше и се уште е трнлив и со многу премрежија. Идејата за просперитетна Република Македонија никогаш нема да престане, особено сега, во време на економско тонење, анационални политики на власта и негирања од надвор. Таа идеа живее кај Македонците, но и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати кои ја сакаат својата Македонија како свој дом, кој го наследиле од своите предци, но кој го должат на сите идни генерации“, порача Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button