ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски за изборите: Државата влегува во уставно-правна криза

Државата влегува во своевидна уставно-правна криза, оценува првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поради доцнењето на формирањето на работната група за датумот за претстојните парламентарни избори.

Advertisements

Засега нема конкретни чекори од ниту една страна за формирање на меѓупартиската работна група за која сите се согласија. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе одат со барање за двојни избори во вториот круг од претседателските во мај следнава година.

Но, власта не прифаќа двојни избори. Според премиерот, изборите ќе бидат регуларни, според роковите предвидени со закон. За меѓупартиската работна група вели дека партиите можат да се договорат во Собранието на вообичаената понеделничка координација.

Мандатот на претседателот Пендаровски му истекува во мај, а на Владата во јули следнава година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button