ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За кочани дел од истрагата се и функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски во своето денешно гостување во централниот дневник на телевизија Алсат, одговарајќи на забелешките во јавноста дека за трагедијата во Кочани не одговараат актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека нема да навлегува во материјална расправа, но нагласи дека за случајот истрага се води и против лица од партијата што ја предводи.

Advertisements

„Актуелен градоначалник на градот, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истрагата, мислам дека  се уште е во куќен притвор. Ќе ве потсетам дека и член на актуелната влада беше во притвор, како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и уште многумика коишто се поврзуваат во минатото со ВМРО-ДПМНЕ што биле дел од ДПИ, Министерството за економија и тн.“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button