ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Мерко: Не треба некој друг да ни кажува дека имаме криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во врска со ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД, како и за можноста за нејзино проширување, рече дека тоа е само потврда на она што го чувствуваат граѓаните во земјава. Тој истакна дека на таа листа е ставен градоначалник, кој е дел од највисокото раководство на политичката партија Демократска унија за интеграција, поради тоа што имаат докази дека има голем криминал позади него, но и дека влијаел во судството и носењето судски одлуки.

Advertisements

– Нам не ни треба некој друг да ни кажува дека има криминал во Република Македонија, тоа го чувствува секој еден граѓанин, кога ќе го прашате ќе ви кажат дека за жал Македонија е најкриминалната држава, држава во која владеат кланови. Гледате неколку фамилии во Македонија кои се дел од највисоките раководства на политичките партии од власт. Стекнуваат милионски имот, такви се примерите, кои последниве месеци ги гледаме и сведочиме за истите. Последниот случај со деловниот центар Соравија, претходно дуќани, хотели во центарот на Скопје, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button