ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: „За неколку месеци Владата ќе падне“

Постојат разговори на политичко ниво за уставните измени, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, откако претходно беа најавени зачестени консултации за ова прашање по новогодишните празници. Според него, сега веќе не постои простор за декларативна поддршка за Европската унија и треба да престане да се кочи процесот, кој во спротивно би довел до внатрешна блокада на евроинтеграцијата.

Advertisements

„Нова лидерска средба во моментов не е планирана, меѓутоа јас не исклучувам таква можност, на којашто ќе можеме да поразговараме повторно во однос на најзначајните прашања. // За десет месеци можат да се направат многу позитивни работи и секако секој треба да биде одговорен, да биде на ниво на задачата и на обврската којашто има пред граѓаните и пред државата“, рече Ковачевски.

За разлика од Ковачевски кој е оптимист дека уставните измени за внес на Бугарите во Уставот, со што ќе се отворат преговарачките поглавја, можат да бидат усвоени до ноември, лидерот на опозицијата смета дека тоа нема да се случи со актуелниот парламентарен состав. Христијан Мицкоски кажа дека власта ќе нема поддршка од 80 пратеници за уставните измени, ниту пак дека ќе успее да го сочува мнозинството во Собранието.

„Ќе треба да почекаме неколку месеци за овие пратеници коишто доаѓаат од пратеничката група на СДСМ и ДУИ да поддржат распуштање на Парламентот и промена на Владата“, рече Мицкоски.

Мицкоски претходно истакна дека до крајот на месецов ќе се одважат, како што вели, охрабрени пратеници од парламентарното мнозинство кои би гласале недоверба на Владата. Од СДСМ пак, истакнаа дека ова се само приказни кои ги лиферува опозицијата. Во меѓувреме, суштествени разговори за уставните измени нема. Последно на оваа тема се разговараше на средба свикана од спикерот Џафери, на која беа повикани претседателите на сите парламентарно застапени партии, но таа заврши без конкретни заклучоци.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button