ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски за тврдењата од бугарското МНР: Различни изјави од ист министер за само неколку месеци

Изјавите на бугарскиот министер за надворешни работи, дека Бугарија нема да има дополнителни барања од Македонија освен промената на Уставот, не влеваат доверба кај Премиерот Христијан Мицкоски. Запрашан за коментар за изјавата на шефот на бугарската дипломатија, Мицкоски рече:
„Истиот тој министер пред само неколку месеци изјави дека ова е само почеток и дека во текот на преговорите има уште многу работи коишто треба да се разрешат, дорешат, и тн. Кому да му веруваме, на истиот министер за надворешни работи од пред два-три месеци или на овој сега или пак, на некој иден кој ќе има поинаква изјава која е а дневнополитички цели“, рече Мицкоски.