ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

Борбата со криминалот и корупцијата мора да биде одлучна. Без да победиме во таа борба, не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) во Владата.

Advertisements

Тој посочи дека на денешната средба, во организација на ИРИ, заедно со невладиниот сектор и дел од членовите на Владата имале можност да поразговараат за една тема којашто, како што рече, претставува акутен проблем за нас како држава, а тоа е високото ниво на криминал и корупција и борбата против нив.

„А, како дополнување зборувавме и за доброто владеење, нешто коешто исто така претставува императив за оваа Влада. Се надевам дека во периодот којшто следи сите овие разговори ќе имаат свој ефект врз работењето на Владата. Да бидам попрецизен, убеден сум, бидејќи од страна на Владата постои огромна желба, но истовремено и посветеност токму кон овие проблеми коишто се акутни во Македонија како држава“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button