ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Законите со европско знаменце се пристигнати во Собранието, повикувам на коментар од Канцеларијата на ЕК и амбасадите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека законите коишто се во врска со договорот за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д денеска се пристигнати во Законодавниот дом, со европско знаме. Тој ги повика Делегацијата на ЕУ во Скопје и амбасадите да реагираат на таквиот потег на власта.
„Добивме информација дека законите веќе се пристигнати во Парламент, со европско знаменце. Јас денеска нема да го коментирам ова, ќе оставам од Канцеларијата на Европската Комисија, тоа во текот на денешниот ден да биде искоментирано…ги повикувам и амбасадите на земјите од ЕУ да се произнесат во текот на денешниот ден за ова што денеска го направи владата на ДУИ и СДСМ“, рече Мицкоски