ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Законот за правична застапеност пред да влезе во Собрание ќе се испрати до Венецијанската комисија

Премиерот Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во централниот дневник на Алсат, изрази очекување дека Законот за правична застапеност најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада, после што ќе биде испратен пред Венецијанската комисија. Потоа би следувало негово донесување од страна на Собранието.

Advertisements

„Очекувам на една од следните седници на Влада, најдоцна 24 јуни, да помине и потоа ќе го пратиме до Венецијанската комисија и ќе бараме ургенција за итност. И тие да се произнесат и потоа, доколку е се во ред, да го пуштиме во Парламент за да може да се донесе и да немаат тема политичарите коишто се обидуваат да предизвикаат етничка поларизација“, рече Мицкоски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button