Мицкоски: Жалам што ДУИ не излезе од матрицата на делување, но сѐ ќе извадиме на виделина!

Нека им служи на чест, но ние ќе продолжиме да се бориме против секакво девијантно однесување сега, но и во минатото, рече премиерот Христијан Мицкоски запрашан за коментар по соопштението на ДУИ во кое Интегративците обвинуваат за политички прогон.
„Жалам што ДУИ не излезе од онаа матрица којашто ја гледаме на политичката сцена повеќе од 22 години и наместо да изрази сочувство и да се вклучи во истрагата и да помогне тие се обидоа овој случај да го политизираат и етнизираат, односно да се обидат на глодарски начин некако да добијат некој политички поен…, на несреќата на овие невини жртви. Јас само можам да кажан – нека им служи на чест, а ние како влада ќе продолжиме и понатаму да се грижиме и да се бориме против ваквото девијантно однесување и сега, ако го има, но и ќе претресеме сѐ, и ќе извадиме на виделина за тоа што се случувало во минатото…а ДУИ повеќе од 20 години е дел од тој систем од минатото“, рече Мицкоски.