ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски жали што не биле поагресивни кон судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски изразува жалење што не биле поагресивни кон судиите и обвинителите кои, според него, придонеле за уништување на довербата на граѓаните во судскиот систем. Мицкоски, за време на интервју на Јавното радио телевизија, рече дека наспроти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, Владата го направила она што го имала како демократска алатка и дека наскоро очекува резултат. Зборувајќи за тоа што не го разрешил главниот обвинител Коцевски, шефот на извршната власт рече дека тој презел таков ризик со единствена цел да не ја компромитира истрагата за Кочани.