ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски им одговори на СДСМ и ДУИ, дека нивни обвинители ја водат истрага за трагедијата во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски им одговори на ДУИ и СДСМ, кои изминатиот период побараа анкетна комисија и меѓународна истрага во врска со истрагата за трагедијата во Кочани, бидејќи според опозицијата, во моментов се спроведува селективно. Мицкоски ги потсети дека истрагата ја води обвинителот Лупчо Коцевски, кој самите тие го избрале, додека негови помошници се обвинителите Ислам Абази и Гаврил Бубевски, кои премиерот рече дека доаѓаат од партиските редови.

Advertisements

Мицкоски ги прашува ДУИ и СДСМ, бидејќи не се задоволни од истрагата која ја водат обвинителите за трагедијата во Кочани, дали се задоволни од истрагите што овие обвинители ги направиле за други трагедии и скандали со корупција за време на нивното владеење.

ДУИ и СДСМ бараат во Собранието да се формира Анкетна комисија за да побараат одговорност и правда, бидејќи според нив, Обвинителството постапува селективно, следејќи само поранешни, а не и актуелни функционери. Од независноста на земјата, формирани се десетици анкетни комисии за различни случаи кои имале висок интерес во јавноста, сепак, тие немаат некаква „славна историја“. Поради ова, експертите, но и граѓаните, постојано покажуваат скептицизам во врска со улогата на анкетните комисии во расветлување на случаи. Таква судбина имаа и анкетните комисии за случајот со смртта на 4-годишниот Алмир од Куманово, Дива населба, Сопот, Монструм, прислушувањата, „црниот понеделник“, онкологија и други.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button