
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е неетичко и нечовечки поскапувањето на основните производи до 25 проценти пред празниците. Ги предупреди трговците на поригорозни мерки и итна реакција на институциите.
Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека доколку трговците не ги намалат цените на основните производи кои ги нема во новогодишната кошничка, ќе ја ограничат маржата или ќе ги замрзнат цените.
„Ова што им е дадено како право и можност за некои производи сега не може да го надомести со драстичното зголемување на некои други производи што ги користат граѓаните. Ги повикувам големите трговски синџири да го преиспитаат своето однесување, во спротивно ќе ги искористиме сите механизми што ги имаме и ќе донесеме одлука со цел да го заштитиме животниот стандард на граѓаните“, рече Дурмиши.
Во меѓувреме, инспекторите се на терен, вршат вонредна контрола низ државата.Од Пазарниот инспекторат кусо рекоа дека во моментов вршат контроли и по проверките ќе одлучат за мерките.
Линда Ебиби