ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицковски од Ташмаруништа повика на обединување против власта

Порака за обединување во блок против актуелната власт испрати денеска од Ташмаруништа лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски.

На одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, лидерот на најголемата опозициска партија рече дека обединувањето ќе значи надминување на разликите во опозицијата.

– На една маса мораме да седнеме сите на кои Македонија ни е важна и таквата подадена рака ќе значи свесен чекор и одговорност спрема народот. Народот ќе ја види разликата. Една прачка лесно се крши, но цел сноб прачки е силен како греда. Затоа тука од Ташмаруништа, на ден Илинден испраќам порака на обединување, на нешто што е многу повеќе од коалиција за власт, туку обединување на блок, составен од обесправени, жедни за правда и добар живот против власта која ги краде нашите животи и ја одзема иднината. Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече Мисковски.

Илинден, како што нагласи, е нашата светост, посебно чувство за секој Македонец.

– Тоа е нашата голгота, без која немаше да има слобода. Нашата карпа врз која ја темелиме нашата куќа, атоа како Македонци, како родољуби се поклонуваме на делото, додаде Мицковски.

ВМРО-ДПМНЕ, заклучи лидерот, ја има поддршката од народот и е пред прагот на победа, повикувајќи на висока разлика на локалните избори и големо обединување на народот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button