Мицковски: Вративме дел од долгот во Фондот за здравствено осигурување
Мицковски: Вративме дел од долгот во Фондот за здравствено осигурување

„Кога ја преземавме власта долгот во Фондот за здравствено осигурување изнесуваше пет милијарди денари, а две милијарди од тие веќе се вратени„, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Кавдарци во одговор на новинарско прашање во врска со долговите во Фондот. Мицкоски рече дека големи долгови има насекаде, не само во Фондот, но посочи дека оваа Влада ќе работи на тоа да се вратат долговите, а конкретно за Фондот за здравствено осигурување тој уверува дека до следната година долговите ќе бидат сведени на нула.
„Долгови има насекаде, тие се бројат во милијарди денари. Состојбата со Фондот за здравствено осигурување беше долг од пет милијарди денари. Видовте дека за помалку од 100 дена, за нешто повеќе од 80 дена, со заштедите и со доброто менаџирање се обезбедени две милијарди денари, од тие пет милијарди да биде вратен долгот. Очекувам следната година до крајот веќе таа состојба да биде еднаква на нула„, рече Христијан Мицкоски, премиер./Алсат.мк