ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицоски повторно побара избори, Ковачевски повторно одби

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е подготвен за предвремени парламентарни избори и без техничка Влада. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ побара парламентарното мнозинство да ја поддржи неговата идеја за законски измени по забрзана постапка, а изборите да се одржат на крајот на мај или првата половина на јуни.

Advertisements

Ниту премиерот Ковачевски не се согласува со концептот на техничка Влада, но вели дека нејзиното укинување е прашање на консензус. Според него, аргументите на опозицијата за предвремени парламентарни избори не држат, но тоа не спречува да има технички премиер Албанец. Кампањата на ДУИ ја опиша како внатрепартиско прашање.

Ковачевски рече дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот рок, поточно во јули 2024 година, а претходно ќе се одржат претседателските.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button