
Поранешниот репрезентативец на Јапонија, Казујоши Миура нема да стави крај на својата фудбалска кариера и ќе продолжи да игра иако има полни 57 години.
Миура е фудбалер на Јокохама, а од јануари 2023 година играше како позајмен во португалската втора лига за Оливеиренсе. По крајот на позајмицата се враќа во родната Јапонија, но наместо да остане во второлигашот оди во нова средина, повторно како позајмен.
Во следната полусезона Миура ќе настапува за Атлетио Сузука, клуб кој во моментов се натпреварува во четвртата јапонска лига.
Долговечноста на Казујоши Миура продолжува, а ако продолжи со вакво темпо ќе наполни и 58 години следниот февруари и уште ќе биде активен фудбалер.