Мизерни услови во болницата во Кичево

Бројни реакции во јавноста предизвикаа снимките објавени вчера на социјалните мрежи каде се гледа како пациент добива серум во дворот на кичевската болница. Случајот го потврди и директорот на болницата. Тој рече дека пациентот не бил примен во болничката просторија, иако имал симптоми на коронавирус, за да го заштитат од други пациенти со Ковид-19, хоспитализирани во болницата. Објавените видеа на социјалните мрежи ги оцени како политичка манипулација.
Но, за разлика од директорот, пациентите се жалат дека условите што ги имаат во кичевската болница, не се добри. Бараат од Министерството за здравство да се грижи за здравјето и во другите градови.
„Според условите во болницата, се плашиме. Немаме услови овде во Кичево, ја имаме новата болница но не е направена. Требаше да се стави во употреба пред 20 години. „Ние би имале сè, но ете, ниту една влада не работеше да ја стави во употреба“.
„На малите градови им е многу тешко.
Од Министерството за здравство рекоа дека пациентот по свое лично барање и уверување дека не е суспектен за ковид одбивал да прими терапија во собата за изолација и на интерното оделение во болницата во Кичево. Меѓутоа, поради неговата здравствена состојба морал да прими соодветна терапија и на негово инистирање и на инсистирање на неговата фамилија терапијата ја примил пред собите за изолација на суспектни случаи. Во моментов пациентот е хоспитализиран во ковид единицата што е отворена на Интерно одделение во Кичево.
Bashkim Sulejmani