ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Млад кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес

Млад кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес

Млад кумановец бил приведен, откако оружје било пронајдено при претрес во неговиот дом.

Advertisements

Како што информираше денеска Министерството за внатрешни работи, вчера во 6:15 часот од слобода бил лишен 21-годишниот М.В. од Куманово.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од девет милиметри, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства, се наведува во соопштението.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што најавија од МВР, против него ќе следува соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button