ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Младиот Марко по 21 час, преплива 64 километри во Охридското Езеро

Младиот Марко по 21 час, преплива 64 километри во Охридското Езеро

По цел ден и цела ноќ поминати во езеро, пливајки на релација Охрид-Струга-Свети Наум- Охрид, со должина од 64 километри, 16 годишниот Марко Пејчиноски, пристигна на градското пристаниште во Охрид. Го пречекаа неколку стотина граѓани.Тој  по 21 час и 41 минути во вода, невозможното  го направи возможно.Вели дека подвигот го посветил на неговата прерано почината мајка.

Advertisements

„Се чувствувам супер но и уморно”, рече Марко Пејчиноски.

Кој е следниот план, што планираш понатаму?

“Ќе видиме”, рече тој.

Која делница беше најтешка, бидејки цела ноќ пливаше?

“Сите беа подеднакво тешки“, додаде Марко.

Од почетокот па се до целта,Марко го пратеа осум луѓе.

„Цело време бев заедно кон неговиот нов подвиг, кој се оствари и Марко докажа дека се е возможно.Тој има преголема мотивација и кога ќе зацрта нешто си ја остварува својата желба.И ова беше доказ за сите нас дека ако нешто сакаме, ако имаме мотивација можеме да го оствариме”, истакна Мартина Балеска- роднина на Марко.

Подвигот на Марко, кој е дете со ретка болест е уште поголем бидејќи поради здравствени проблеми, тој плива само со раце.

„Тој генерално 99% работи само со рацете,нозете само ги одржува.Треба над човечки напори.Ова е нешто вон сериско. Имавме еден мал проблем, кога на патеката, каде што требаше да помине, влеговме во силна струја, која беше спротивна од правецот на нашето движење.Имаше два-три часа, каде што и покрај тоа што Марко константно работеше, брзината му беше многу помала“ изјави Миле Јовановски-набљудувач.

Со ова Марко го комплетира,во целост неговиот подвиг, десет препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, што ги реализираше во текот на летото, нешто што до сега никој го нема направено.За неговиот подвиг ќе биде известена и светската асоцијација./Alsat.mk

Мики Трајксовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button