ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Младите не размислуваат за живот во село

Младите не размислуваат за живот во село

„Нема иднина на село – празни куќи, празни улици, трудот не се исплатува.“ Вака размислуваат младите кои ги прашавме дали би станале земјоделци и би се преселиле на село за државната помош од 100.000 евра за започнување земјоделска дејност. Но, и покрај финансиската поддршка, тие не гледаат причина да се вратат.

Advertisements

Анкета – млади
„Не, ние порано живеевме во село, селото беше полно ама селото масовно се испразни. Не вреди да се живее кога сите бегаат како секое добро и ние.“
„Тука е подобро имаш се, таму на село нема што да правиш нема луѓе“
„Јас сум научен да живеам во град, како прво градски човек сум. Не можам, не можам искрено ти кажувам сега, живеам во град навикнат сум на град.“
„Во град е подобро, се се наоѓа тука и за излегување кафиќи, ресторани, факултет, на село ништо нема, нема иднина. “
„Па не лично не би идела да работам.“

Експерите сметаат дека мерката е добра, но не доволно , тие велат дека не е доволно на човек да му се даде само земја, потребни се многу други алатки за работа на село и како што вели потребна е поголема инфраструктура во селата.

„Видете, тоа секако ќе придонесе , тоа се атрактивни мерки, тоа сите го прават и во Европа ги знаете тие за 20 евра можеш куќа да купиш на некое село во Италија, Франција и така натака. Така да тоа се генерално добри мерки. Но не ќе биде доволно само на човек да му се даде земја, стара куќа да му даде трактор, во секоја селска куќа на секое семејство му треба и мешалка за бетон треба и машина за не знам сечење дрва, гледате основни алатки за да може. А втора работа е семејство да се одлучи, треба школо за деца, треба градинка. Видете покомплексно е“, рече  Бобан Илиќ –Регионален рурален развој.

Државниот секретар од Министерството за Земјоделство, пак смета дека со оваа мерка ќе се мотивираат младите да се вратат во руралните средини и да направат развој на земјоделството.Изјава Борче Серафимовски – Државен секретар во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
„Смет

„Видете, тоа секако ќе придонесе , тоа се атрактивни мерки, тоа сите го прават и во Европа ги знаете тие за 20 евра можеш куќа да купиш на некое село во Италија, Франција и така натака. Така да тоа се генерално добри мерки. Но не ќе биде доволно само на човек да му се даде земја, стара куќа да му даде трактор, во секоја селска куќа на секое семејство му треба и мешалка за бетон треба и машина за не знам сечење дрва, гледате основни алатки за да може. А втора работа е семејство да се одлучи, треба школо за деца, треба градинка. Видете покомплексно е“, рече Бобан Илиќ –Регионален рурален развој.

Државниот секретар од Министерството за Земјоделство, пак смета дека со оваа мерка ќе се мотивираат младите да се вратат во руралните средини и да направат развој на земјоделството.

„Сметаме дека со ова ќе ги мотивираме младите да се вратат во руралните средини и да направат развој на земјоделството и на руралните средини. Но нормално, ние имаме и доста програми се во делот на рурален развој поддржани од Еевропската Унија и од останати фондови. Така да сметаме дека ќе даде резултати, но сепак мора да утврдиме добри критериуми и услуги за користење на истите“, рече  Борче Серафимовски – Државен секретар во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Законот предивидува по 100 илјади евра за сите млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци. Оваа финансиска поддршка од Владата треба да им помогне на младите да инвестираат во изградба или реконструкција на објекти, да купат земјоделска механизација, земјоделско земјиште или добиток. Главен услов да ја добијат оваа поддршка е да не се постари од 40 години, да се занимаваат со земјоделска дејност и да живеат во руралната средина во рамки на семејното земјоделско стопанство во наредните 10 години. Ако младиот брачен пар не го исполни условот да живее и да работи на село 10 години, ќе треба да го врати целиот износ на дадената поддршка./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button