ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Младите заминуваат, се бара кадар за ИТ сектор и за природни науки

Додека младите бегаат од земјата, земјава сe повеќе се соочува со недостиг на работна сила, а плакати со натпис „Бараме работници“ можат да се видат речиси на секој агол. Работодавачите тешко наоѓаат работници и велат дека младите не се задоволни од платите што им се нудат овде.

Advertisements

„Не сакаат да работат, мислат дека платата е мала, мислат дека во странство платите се повисоки, работата е полесна. Напротив, таму ќе треба да ја работат тешката работа, лесните работи самите ги прават. Имаме неколку работници, а има неколку што заминаа во Германија.”

„Не знам, тоа не е проблем кај нас, можеби некој бара повисоки плати или, не знам, можеби не му се допаѓа работата…Самиот живот сега го прави тоа, потребите, сакаат да живеат малку полуксузно, сакаат да добијат поголем профит, а надвор тоа го можат. Сега и со визите е полесно ги добиваат лесно, зошто да не излегуваат”, велат граѓаните.

Директорот Беким Мурати вели дека пазарот бара работници од сите професии, но најмногу недостигаат кадри во ИТ секторот.

„Пазарот на труд во Македонија едноставно бара секаква професија, со најголема одговорност можам да кажам почнувајќи од келнер до ИТ инженер, но сакам да истакнам дека навистина наскоро ќе се соочиме со недостаток на персонал во ИТ секторот… Можам да кажам дека на нашиот пазар му недостасуваат и професори и наставници од природните науки“, рече Беким Мурати, директор на Агенцијата за вработување.

Од Агенцијата појаснуваат дека доколку активен барател на работа три пати одбие понуда, законски се отстранува од системот и во наредните 12 месеци не може да се пријави во агенцијата за вработување како невработено лице.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button