Млечни производи се продаваат надвор на 40 степени
Млечни производи се продаваат надвор на 40 степени

На температури до 40 степени Целзиусови, сè уште има лесно контаминирани производи кои на пазарот се продаваат на отворено. Оваа храна не е безбедна на толку високи температури. Велат дека во последните 10 дена граѓаните избегнувале да ги купуваат овие производи.
„Еден час не може да останат подолго… До 10 повеќе не..
Дали мислите дека се безбедни на овие температури, имајќи ги предвид препораките на лекарите?
Сега како рекол Тој горе.
Не, зборот ми е треба некаква сигурност.
Ние немаме таква сигурност, бидејќи е сиромаштија, каде има сигурност.
– Вие ги продавате овие така, дали продадовте денес?
Не, само 200 денари“, рече еден продавач
Друг продавач вели дека од почетокот на високите температури немало контрола од страна на инспекторите.
„Не, сите сме во ред, бидејќи имаме фрижидери и нема никаков проблем, но овие кои продаваат надвор, малку самите треба да разберат, но и населението, муштериите, треба да видат ако е надвор да не земаат, бидејќи може да дојде до најлошото, самиот производ е таков“, нагласи друг продавач.
Граѓаните, исто така, велат дека поради препораките, избегнуваат да купуваат такви производи.
„Купувавме, но сега не“ рече еден греѓанин.
“Купивме, немавме проблем, пред 10 дена земав сирење, немаше проблем„, додаде друг граѓанин.
Од Агенцијата за храна и ветерина неодамна објавија дека храната е безбедна за јадење во земјата. Тие велат дека инспекторите прават проверки, но подвлекуваат дека за подобро функционирање, потребни се најмалку 40 инспектори./Алсат.мк
Ајнур Бафќари