ММА: Осуда на говорот на омраза и обидот за спречување на слобода на говор од страна на лидерот на Левица, Димитар Апасиев

Македонската медиумска асоцијација го осудува говорот на омраза искажан кон Канал 5 Tелевизија и нејзиниот директор, Иван Мирчевски од страна на лидерот на Левица, Димитар Апасиев и членови од неговата партија.
Ги осудуваме тоталитаристичките обиди на овие лица да замолкнат слобода на говор како и обидите за заплашување на медиумот, директорот но и клиентите кои се огласуваат на Телевизија Канал 5 со тоа што Апасиев повикува на антикампања за огласувачите и производите кои се рекламираат на Канал 5.
ММА е загрижена што во плуралистичкиот политички простор постои лидер на партија која учествува на изборите кој шири говор на омраза, дискредитира медиум и заплашува.
Ги повикуваме соодветните институции да превземат мерки за спречување на ваквите обиди да се влијае на медиумите со сеење страв и омраза во пресрет на изборите. Потсетуваме дека заканувањето како и предизвикувањето и ширењето на говор на омраза е кривично дело, а нанесена е и клевета и навреда на Канал 5 и нејзиниот директор.