ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ММА за средбата со ресорниот министер Андоновски и за надоместокот од кабелските оператори

ММА за средбата со ресорниот министер Андоновски и за надоместокот од кабелските оператори

Асоцијацијата на национални терестријални ТВ станици, ММА, ја информира јавноста дека оствари средба со ресорниот Министер за Дигитална Трансформација, г-дин Стефан Андоновски.

Advertisements

Како најголеми и највлијателни медиумски куќи во Македонија, му ја предочивме на министерот состојбата на медиумскиот пазар кој се соочува со огромни предизвици, но и непочитување на последните измени на Законот за АВМУ , член 141 и 141-а, со што националните ТВ станици се доведуваат во нерамноправна и подредена ситуација. Преку пластични примери го запознавме министерот Андоновски и за проблемот на галопирачката ТВ  пиратерија на нашите но и странските ТВ програми како и за недоволно прецизирана медиумска регулатива полна со легални нелогичности.

Напоменавме дека Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се последните „црни дупки“ во Европа каде поголемиот дел од кабелските оператори ги преземаат нашите програми и истите ги продаваат на нашите гледачи, при тоа оставајќи нè без соодветен надоместок.

Оваа нивна пракса се коси со основните бизнис постулати, но истовремено крши и неколку закони кои се доста стриктни кон непочитувачите на истите.

Ја известуваме јавноста дека доколку и овој кабинет на нашето ресорно министерство, како што беше случај и со претходните,  во разумен правен рок не ни ги обезбеди елементарните услови за работа на нашите медиумски компании, ние ќе бидеме принудени да преземеме соодветни чекори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button