ЕКОНОМИЈАСВЕТ

ММФ и одобри на Украина итен заем од 1,3 милијарди долари

ММФ и одобри на Украина итен заем од 1,3 милијарди долари

Одборот на извршни директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)  одобри итен заем од 1,3 милијарди долари за Украина за да обезбеди дополнително финансирање како помош државата да ја одржи својата економија додека се бори против руската инвазија.

Advertisements

Парите ќе дојдат од новата програма за итни заеми заради справување со недостигот на храна, која одборот на директори на финансиската институција ја одобри минатиот месец. Украина, исто така, побара бордот на директори на ММФ да ја надгледува програмата со цел да ја зајакне политичката посветеност и дополнително да ја катализира поддршката од донаторите, објави ММФ.

ММФ објави дека руската војна против Украина, што почна на 24 февруари, предизвика „страшно човечко страдање и економска болка“, проценувајќи дека оваа година БДП на Украина ќе претрпи пад од 35 проценти. ММФ веќе и одобри заем од 1,4 милијарди долари на Украина.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button